Лозарство – календар на активности за месец февруари

При поволни временски услови во февруари продолжува грижата за лозовите насади. И во овој зимски месец штетниците се во состојба на мирување под кората налозите, во основата на кордуницата и најмногу во папките. Затоа се препорачува чистењена старата кора по кордуницата и рамените гранки на лозата. 

Share
Прочитај повеќе

Календар на активности за месец Февруари за овоштарство и зеленчук

Во февруари треба да продолжат мерките за заштита започнати во јануари.
Резидбата, која започнува кај јаболката и крушите, како овошки најотпорни на студ, сега продолжува кај црешите, вишните, праските и кајсиите. Бидејќи раните кои настануваат при резидбата зараснуваат потешко во студеното време, тоа предизвикува опасност од измрзнување. Местата каде се извршила резидба треба да се премачкаат со мрсни бои за заштита од заразување со болести и штетници. Резидбата треба да заврши до фаза бабрење на пупките.

Share
Прочитај повеќе

Препораки до одгледувачите на животни при ниски температури

При појава на екстремно ниски температури проследени со силен ветер и снег животните треба да се држат затворени во објектите/шталите, или да им се обезбеди соодветно засолниште. Во овој случај треба да се внимава на хигиената во објектите, редовно да се чисти ѓубрето и да се заменува валканата простирка со нова, наведува АХВ.

Share
Прочитај повеќе

Температури од минус 20 ќе им наштетат на овошките

Доколку ниските температури продолжат, а според метеоролозите се најавува остра зима, повеќе со голомразица, сигурно дека ќе се одрази штетно на овошките. Затоа треба да се врши контрола на самите насади. Доколку се задржат овие температури повеќе од месец дена и истите се движат до минус 20 степен, сигурно ќе се одрази штетно врз овошните насади

Share
Прочитај повеќе

Пчеларство – календар со активности за јануари

Во овој период животните функции на одделните индивидуи на пчелното семејство- матицата и пчелите
работнички, се сведени на минимум. Формирањето на зимското кубе во пчелното семејство овозможува да се намалат оксидирачките процеси во телото на пчелите, како резултат на помалиот прилив на кислород од воздухот што се наоѓа околу кубето. Колку позбиено е пчелното семејство и погуста маса формираат пчелите во него, толку подобро се одвива презимување на пчелите.

Share
Прочитај повеќе

Овчарство и козарство – календар со активности за јануари

Во голем дел од фармите во рамничарските подрачја, почетокот на годината се совпаѓа со периодот на јагнење. Затоа треба да се посвети сериозно внимание на исхраната на приплодните овци во текот на овој период на годината – вториот период на бременоста или периодот на доење на новородените јагниња.

Share
Прочитај повеќе

Говедарска фарма – календар со активности за јануари

За добивање на повеќе и поквалитетно млеко соодветно на расата, наследните и индивидуалните карактеристики на животните, потребно е да се посвети сериозно внимание на исхраната на кравите во зимскиот период од годината, како најважен и клучен услов.

Share
Прочитај повеќе

Градинарство – календар со активности за јануари

До средината на месецот се сее семето од домати, пиперки, зелка и карфиол. Започнува `ртењето на семенскиот материјал на раните компири. Тоа се врши во темни просториите при температура од 15-18 степени.

Share
Прочитај повеќе

Лозарство – календар со активности за јануари

Во јануари често температурите паѓаат до многу ниски вредности. Неопходно е да се знае дека температури под минус 20 степени можат да доведат до смрзнатини на дел од пупките на лозовите насади. На крајот на месецот треба да се изврши ревизија за присуство на смрзнатини. Оваа проценка е неопходна за правилно
нормирање на родот во наредната година преку резидбата.

Share
Прочитај повеќе

Овоштарство – календар за активности во јануари

Кога обработката на почвата се врши во текот на зимските денови, презимувачките форми на инсектите излегуваат на површината, каде загинуваат од ниските температури.

Share
Прочитај повеќе