Експерти од СЗО ја посетија Агенцијата за храна и ветеринарство

Претставници на експертските групи на Светската Здравствена Организација (СЗО) во рамки на нивната работилница за заедничка надворешна евалуација на Меѓународниот здравствен правилник која се одржува во Скопје, ја посетија и Агенцијата за храна и ветеринарство. Целта на посетата е детално запознавање и презентирање на активностите кои Агенцијата ги презема во областа на јавното здравство, здравствената заштита на животните, особено во делот на превентива и контрола на зоонозите, безбедноста на храна и антимикробната резистенција.

Share
Прочитај повеќе

Откриено опасно месо во месарници и ресторани во Делчево

Агенцијата за храна при контроли на ресторани и месарници во Делчево открила неозначено и небезбедно месо. Истото е отстрането и уништено од објектите, а сопствениците се соодветно казнети. 

Share
Прочитај повеќе

Дополнителни субвенции за праменка, буша и балканска коза

Со Програмата за поддршка на земјоделството и оваа година дополнителни субвенции од 2.000 денари следуваат за говедата од домашната раса буша.
На дополнителни 550 денари сточарите имаат право и за овците од расата праменка и козите од расата балканска. Одгледувачите на овци и кози имаат право и на по 3.000 денари за секој домашен шарпланинец.

Share
Прочитај повеќе

Јавен повик бр. 02/2019, за набавка на добиток од увоз или од признати организации на одгледувачи

Набавка на добиток од увоз или од признати организации на одгледувачи:
– високостелни педигрирани јуници (со исклучок на расата Буша),
– педигрирани машки и женски приплодни грла овци и
– педигрирани машки и женски приплодни грла кози

Share
Прочитај повеќе

Презентирани новите процедури на стекнување статус слободно одгледувалиште од болеста Трихинелоза

На барање на комерцијалните свињарски фарми од земјата, во Агенцијата за храна и ветеринарство се одржа работен состанок со одгледувачите на овој вид добиток на кој беа презентирани новите процедури кои ги подготви Агенцијата а кои се однесуваат на стекнување на статус слободно одгледувалиште од болеста трихинелоза.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Креираме развојни политики за млекопроизводството

-За поголема сигурност во инвестицијата фармерите кои планираат да инвестираат во добиток, прво ќе склучат договор за поддршка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, па потоа ќе ја реализираат инвестицијата. Оваа мерка е важна за подобрување на генетскиот потенцијал, што крајно ќе влијае и врз квалитетот на финален производ, изјави Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Шароле ( Sharolais ) говеда

Во однос на застапеноста, таа е на четврто место и изнесува околу 11% од вкупната број на добиток во Франција. Оваа раса се одгледува на голема површина на централна Франција, климата е полу-континентална, а земјата на овие региони е плодна, па пасиштата се богати со трева. Говедата се одгледуваат во рамнините и ридските терени, каде што обработливото земјиште е на надморска височина од 1000 м.

Share
Прочитај повеќе

Исплатени субвенциите за фармерите кои одгледале и заклале говеда во регистриран кланичен капацитет

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информира фармерите дека на 242 лица исплати 5.082.000,00 односно, над 81 илјади евра за мерката 2.4. -одгледани и заклани грла говеда во регистриран кланичен капацитет.

Share
Прочитај повеќе

Денес во МЗШВ, ќе се одржи годишното собрание на Сојузот на овчари

Денеска ќе се одржи годишното собрание на Сојузот на овчари, во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Share
Прочитај повеќе

Шуга кај животните: Како да се справиме со оваа болест?

Постојат неколку видови на паразити, кои предизвикуваат паразитски болести кај домашните животни. Шугата е лоша за домашните животни, бидејќи од заболените животни се пренесува на на оние кои не се заразени во тој момент. Животните што страдаат од шуга, ги намалуваат нивните производни карактеристики, а исто така им се одразува и на нивниот физички изглед. Паразитот што ја предизвикува шугата “се населува” на површината или во слојот на кожата на животното.

Share
Прочитај повеќе