Шуга кај животните: Како да се справиме со оваа болест?

Вести Совети Сточарство

Почитувани земјоделци, ние веруваме дека здравјето на животните на фармата е многу важно за вас. Шугата е една од најраспространетите болести кај домашните животни, а топлото време е погодно за ширењето на оваа болест. Дали зборот шуга ве асоцира на чешање ? Дали знаете зошто луѓето кои имаат проблеми со чешање на кожата се нарекуваат “шугаво прасе”?

Шуга

Постојат неколку видови на паразити, кои предизвикуваат паразитски болести кај домашните животни. Шугата е лоша за домашните животни, бидејќи од заболените животни се пренесува на на оние кои не се заразени во тој момент. Животните што страдаат од шуга, ги намалуваат нивните производни карактеристики, а исто така им се одразува и на нивниот физички изглед. Паразитот што ја предизвикува шугата “се населува” на површината или во слојот на кожата на животното.

Како животните добиваат шуга ?

Шугата се пренесува преку директен контакт со веќе заболено животно или индиректно преку предмети кои биле во контакт со претходно заразени животни или во простории каде тие престојувале , а после тоа не се соодветно дезинфицирани.

Sarcoptes sabiei – Паразит кој се развива од јајце до ларва и на крајот до зрел облик . Опстанокот на паразитот кај заразени животни е од 7-21 дена. Ако животните на фарма со добар имунолошки статус, можат да се излечат, сепак, ако тоа не е случај, неопходен е реакција од ветеринар.

Како да знаете дека животното е заразено од шуга ?
Прво, доколку животните се здрави и имаат добар имунолошки систем, тие не се заштитени од шуга , паразитот може да живее на кожата на животното и на тој начин ќе резултира со скриена шуга. 

Шугата кај животните лесно може да се забележи. Прво, промени во бојата и текстурата на кожата кај свињите, како и честите чешања од оградата, дрвјата, ѕидот или боксот во која се чуваат. Најчесто се менуват и влакната во тоа подрачје, отпаѓаат во тоа подрачје, што се должи на честото чешање , а понекогаш животните си отвараат и живи рани поради чешањето кое го предизвикува шугата. Кај овците може да се забележи, така што им виси волната , отпаѓа и забележителни се промени во ткивото под волната. При заразата со шуга, и покрај промените на кожата, волната, има промени и во однесувањето на животните. Кога зборуваме за зараза кај говедата, се забележуваат промени во кожата, влакната, како да имаат одерена и оштетена кожа, често се и нервозни бидејќи шугата им го нарушува мирот на животните. 

Превентива и лечење на домачните животните од шуга

Пред се, фармерите треба да бараат превентивни мерки против шугата, а еден од начините е добра заштита на животните во однос на нивното здравје и оптимални хигиенски услови за чување. Потоа, ако постојат зони во кои претходно заразените животни живееле, “здравите” животни да не се движат во тие области, се додека не се изврчи дезинфекција. Во случај да забележите и да се сомневате дека некое животно е потенцијално заразено со шуга, неопходно е изолирање и на тој начин да се спречи ширењето на шугата.

Ако шугата веќе ги нападнала животните, треба да им се помогне. Акарицидните средства се користат за третирање на животни за лекување од шугата. На овците може да им помогнете со капење. Се препорачува капење во посебни базени, но бидејќи ретко кој ги поседува, тоа може да се направи во стари кади или импровизирани базени. Тие се капат една по една овца и најважно е да им се потопува главата 1-2 пати накратко за време на капењето. Обично се капат после стрижењето.

Кога станува збор за говеда, свињи и коњи, во зависност од бројот на грлата, се користи рачна прскалка или на моторен погон, а ако бројот на грлата е помал, тогаш рачно се наквасуваат. Животните добро се прскаат, а потоа со четката или сунѓер се тријат деловите кои шугата ги има зафатено.

Важно при лечењето на шугата е третирање, односно миење на сите делови од телото кои се зафатени од шуга. Тоа може да се направи поединечно неколку дена, но сите делови од телото мора да бидат опфатени. Ова е случај каде, на пример, фармерот нема услови за чистење и миење на сите делови од телото одеднаш, но најдобро е тоа да се направи одеднаш.

Ако шугата го нападнало поголемиот дел од животното, третманот треба да се врши 2 пати во рок од 7-10 дена. Освен третманот на животни со акарицидни средства, исто така треба да постои простор во кој животните ќе се третираат  и прскаат со истото средство. Акарицидниот прашок може да се користи како превентива за простории и животни и едните и другите се запрашуваат против шуга.

“Современо Земјоделство”
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *