Николовски: Креираме развојни политики за млекопроизводството

Вести Сточарство

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска ја проследи презентацијата на документот за јавни политики во секторот на млекопроизводството, изработена од УСАИД и Здружението на производители и преработувачи на млечни производи „Знак за квалитет“.

Целта на овој документ е да ги лоцираат слабостите во фукционирањето на овој сектор кој ја ограничуваат неговата продуктивност, како и да понуди насоки за подготовка на мерки и стратегии за понатамошен развој.

“Тука сме да ги слушнеме предлозите, да ги искористиме препораките од овој документ и заеднички да креираме развојни политики за млекопроизводството. Овој документ и целата дебата верувам дека ни помогне да подготвиме соодветни мерки и политики за развој на млекопроизводството. Ние како министерство работиме на развој на млекопроизводството преку Програмите за финанасикиска подршка во земјоделството и руралниот развој. Во годинешната Програма за рурален развој ја зголемивме финансиската поддршка за мерката за набавка на приплоден добиток од 14 милиони денари на 91 милиони денари. За поголема сигурност во инвестицијата фармерите кои планираат да инвестираат во добиток, прво ќе склучат договор за поддршка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, па потоа ќе ја реализираат инвестицијата. Оваа мерка е важна за подобрување на генетскиот потенцијал, што крајно ќе влијае и врз квалитетот на финален производ“, изјави Николовски.

При тоа Николовски посочи дека освен мерките од Програмите за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, како дополнителна можност за поттикнување на сточасртвото вклучително и на млекопроизводството се и мерките од ИПАРД 2 програмата, кои нудат можности за инвестиции во изградба или реконструкција на фарми за добиток, објекти за добиточна храна, складишта за храна, опрема за земјоделство, изградба на млекарници и друго.
Во изминатите 20 години, УСАИД го поддржува развојот на млекопроизводството во Република Северна Македонија преку низа на проекти насочени кон различни делови од вредносниот ланец. Најновиот од овие проекти е Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, кој во партнерство со водечки компании од овој сектор како млекари, продавачи на сточна храна и опрема, големи фарми, и друго, ко-инвестира во развојот на нивните вредносни ланци, поточно во зголемување на приносите и квалитетот на сировото млеку преку обуки н набавк на современе опрема за комерцијалните млекопроизводители.


Соработката помеѓу МЗШВ, Здружението „Знак за квалитет“ и Проектот на УСАИД за развој на деловниот еко-систем е од посебна важност. Според препораките од документот за политките за млекопроизводството, заеднички со здружението „Знак за квалитет“ и со Проектот ќе работиме на зголемување на искористеноста на ИПАРД средства за развој и инвестирање во сточарските фарми според европските стандарди. Во таа насока во рамки на проектот за почеток е предвидено да се одберат 3 рурални општини препорачани од млекарите за пилотирање на процес за аплицирање за ИПАРД за урбанизација на земјоделските стопанства.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *