Четири пожари во Кавадаречко, пожарникарите апелираат да се внимава кога се гори органски отпад кај нивите

Вести

Четири пожари избувнале денеска во Кавадаречко, во атарот на селата Сопот и Раец, како и во росоманските Рибарци и Паликура.

Како што информираа за МИА од Територијалната противпожарна единица – Кавадарци, според првичните согледувања пожарите биле предизвикани од неконтролирано горење органски отпад кај нивите, особено лозови прачки кои останале по резидбата на виновите лози.

-По двајца пожарникари со по едно противпожарно возило се на терен, се гасне во атарот на кавадаречките села Сопот и Раец и росоманските Рибарци и Паликура. Заради зголемениот обем на работа повикани се да интервенираат и пожарникари кои денеска имаа слободен ден – рекоа од Противпожарната единица.

Пожарникарите апелираат на внимателност за да не се случуваат пожари.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *