Чипирањето на кучињата, продолжено до крајот на годинава

Вести

Се продолжува рокот за бесплатна идентификација и регистрирање на домашните миленици. Крајниот датум е 31 декември. Првиот човек на АХВ вели дека ова е дел од тригодишната стратегија за справување со неодговорното сопствеништво и бездомните кучиња.

Се зголемуваат и казните за оние сопственици кои нема да ги идентификуваат своите домашни миленици.

АХВ има набавено 100.000 микрочипови, кои се наменети за евидентирање на сите домашни миленици, чијашто бројка изнесува околу 49.000. Досега се чипирани околу 20.000.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *