Црна Гора ќе ги користи македонските искуства за користење на мерките од ИПАРД програмата

Вести

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на Република Македонија и Република Црна Гора вчера потпишаа Меморандум за соработка, преку кој ќе се зајакнат капацитетите за соработката и размената на искуства особено во делот на ефикасното искористување на средствата од Европскиот земјоделски Фонд за Рурален Развој. Меморандумот го потпишаа директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски и директорот на Платежната Агенција на Црна Гора, Благота Радуловиќ.

 

Со ова потпишување на овој значаен документ двете институции ќе обезбедат тесна соработка и взаемна помош за развој на административната структура, како и знаењата и вештините на самите вработени за користење на средствата од националниот така и од ЕУ Буџетот. Македонија, која во овој период стана неформален лидер за спроведување на ИПАРД Програмата во регионот, покажа дека е подготвена да се носи со предизвиците кои пред неа се исправаат на патот кон Европската Унија.

„ Македонија како земја која веќе долго време ја реализира ИПАРД Програмата, преку последните повици покажа дека има капацитет за успешна имплементација, но, и дека има желба да го дисиминира своето искуство и знаење на земјите од регионот кои се на почетокот на патот од евроинтегративниот процес. Доказ дека сме на добар пат се и склучените договори за ИПАРД. Само на првиот повик од ИПАРД 2 програмата беа склучени 953 договори со вкупна сума од 22,4 милиони евра.- истакна Бабовски.

Директорот на Платежната Агенција на Црна Гора истакна дека искуството на македонската Платежна Агенција е од клучно значење за Црна Гора, посебно што патот за евроинтеграцискиот процес не е лесен.

„ Меѓусебното јакнење е од клучно значење за нас. Македонија ни помогна да акредитираме неколку Мерки од ИПАРД Програмата кај нас во Црна Гора. Но, се надевам дека во иднина ќе ја продлбочуваме соработката се со цел да дојдеме до заедничка цел а тоа е Европската Унија. “- истакна Благота Радуловик – директор на Платежната Агенција на Црна Гора.

Реализираните инвестиции, интересот за аплицирање за добивање на средства само го потврдуваат успехот на Македонија во спроведувањето на ИПАРД Програмата. Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, потенцираше дека  ИПАРД програмата е важна за развој и модернизирање на домашниот агро сектор и на вкупната економија.

 

Во меѓувреме МЗШВ работи и на ново софтверско решение, Интегрираниот Систем за Администрација и Контрола ИАКС преку кое ќе има целосна контрола на процесот на исплаќање на директните плаќања.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *