Штипското прифатилиште одобрено согласно законските одредби за заштита и благосостојба на животните

Вести

Aгенцијата за храна и ветеринарство остро реагира на соопштението кое до медиумите го испрати здружението за заштита на животните ,,Анима Мунди,, во кое неосновано се обвинува нашата институција дека спротивно на законските и подзаконските акти од областа на здравствената заштита и благосостојбата на животните издала одобрение за отворање на прифатилиште за бездомни животни во Штип.

Одобрението за работа на ова прифатилиште издадено врз основа на направена инспекциска контрола со која е утврдена усогласеноста со одредбите од Правилникот за техничките услови за изградба на прифатилишта и законските одредби за заштита и благосостојба на животните.

Ветеринарното друштво со кое Општина Штип како сопственик на ова прифатилиште има склучено договор за спроведување на здравствената заштита на животните е одобрено ветеринарно друштво.

Во интерес на решавање на проблемот со бездомните животни во земјава, како одговорна институција, ги охрабруваме и останатите општини активно да се вклучат во решавањето на овој проблем и да инвестираат во отворање на прифатилишта за бездомни животни.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *