Николовски: За прв пат развиваме Програма за финансирање на мали производители на храна

Вести

 

Министерот Николовски гостуваше во емисијата „Македонија наутро” на МРТВ. Меѓу другото, Николовски зборуваше и за Програма за финансирање на мали производители на храна која за прв пат се развива во нашата земја.

„Воведуваме нови реформи во земјоделство. За прв пат развиваме Програма за финансирање на мали производители на храна. Програмата се однесува за помош и поддршка за развој на семејни земјоделски стопанства кои преку сопствена идеја и план своето производство го продаваат по принципот продажба од куќен праг и фарма.

Со грантови од 10.000 евра ги помагаме, поддржуваме и поттикнуваме сите производители на месни и млечни производи, како и други преработки од овошје и зеленчук, да се регистрираат во АХВ и да развијат свој препознатлив бренд.

Со ова очекуваме над 2.000 мали семејни земјоделски стопанства да се развијат во нови брендови на македонскиот пазар по примерот на малите семејни винарии.“, рече министерот.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *