Денеска започнува исплатата за тутунот, Николовски во посета на село Ивањевци во општина Могила

Вести

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) соопшти дека денеска почнува исплатата на субвенциите за тутунот од реколатата 2017.

По овој повод, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, директорот на Платежната агенција Николче Бабовски и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Јане Станкоски ќе одржат прес-конференција во село Ивањевци, општина Могила, на која ќе соопштат детали околу  исплатата на поддршката.

Според МЗШВ, зголемени субвенции за тутунот од реколтата 2017 ќе добијат над 23.400 тутунари.

– Годинава се постигна највисока просечна цена од 217,6 денари за килограм, додека со новиот начин на зголемено субвенционирање во три нивоа што почнува со реколтата 2017, за прва класа субвенцијата е 80 денари, за втора 70, а за третото ниво за трета и четврта класа како и за дополнителни класи е 60 денари, информира Министерството.

Целта на новиот модел на субвенционирање е да се поттикнат тутунарите да произведуваат поквалитетен тутун за да добијат повисока субвенција.

Тутунопроизводството во Македонија остварува девизен прилив од околу 100 милиони евра годишно. 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *