Македонија и Словенија се ко-домаќини на овогодинешниот саем „Agra 2018“

Вести

Македонија и Словенија се ко-домаќини на овогодинешниот саем „Agra 2018“. Ова беше главната тема на која дискутираа министерот Николовскии Стефан Пављињек, почесниот конзул на Р.Македонија, во Словенија. На саемот, Македонија ќе биде претставена со штандови за органско производство, ќе бидат презентирани можностите за инвестирање во секторот, а исто така се разгледа и можноста да се претстави македонското вино.

На вчерашната средба со Стефан Пављињек, Николовски истакна дека се разговарало и за можностите за унапредување на трговската соработка помеѓу двете земји. Размената на искуства со Словенија во делот на примената на современите IT технологии во земјоделството, систем на информации во рамки на платежните агенции и зајакнување на нивните капациетти, како и предизвиците кои им претстојат за приближување на македонското земјоделство кон ЕУ стандардите, беа само дел од темите за кои се разменаа мислења и предлози.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *