Димковски: Ги олеснивме административните процедури за ИПАРД

-Изминатите две и пол години преку кампањи и директна комуникација со земјоделците успеавме да ги доближиме мерките од ИПАРД до земјоделците и ги олеснивме административните процедури. Резултатите се видливи, 41 отсто искористеност на ИПАРД 2, склучени се 1.477 договори со вкупна вредност од 32,4 милиони евра, истакна министерот Димковски. 

Share
Прочитај повеќе

Менде Трајковски: Со Земјоделската Задруга Нектар-Бт ќе спроведеме успешен агро бизнис – медот ќе се пакува и преку задругата ќе се пласира на пазарот

-Очекуваме да ни се приклучат нас или сами да пристапат кон здружување и формирање на нова задруга и да ги искористат бенефитите кои за прв пат ги дава оваа Влада и МЗШВ.  Придобивките се огромни. Здружени во задругата и со набавката на машините е супер шанса за нас, но ако не бевме здружени немаше да добиеме ваков проект и ваква финансиска поддршка. Повеќето пчелари се со мал капацитет и како се обединуваме заедно, ќе бидеме интересни за пазарот во врска со пласманот на медот и останатите пчелни производи. Не се приморани пчеларите секој поединечно да формира фирма, и токму затоа е многу полесно за сите, истакна Трајковски.

Share
Прочитај повеќе

Интернетот на земјоделците може да им помогне да ги зголемат приносите и приходите

Агроекспертите сметаат дека покрај земјоделските машини и алати за успешно и квалитетно производство земјоделците треба да ги користат и современите информатички алатки. Интернетот и современите информатички технологии може да им помогнат на земјоделците да разберат како до дојдат до поголема продуктивност, поголема ефикасност и подобри резултати.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Младите земјоделци ги препознаваат поволностите за започнување сопствен агробизнис

-Овој позитивен пример за нас како ресорно министерство претставува уште поголем поттик да работиме на создадавње на поволни услови за развој на земјоделството, преку мерките од Националните програми за 2019 и ИПАРД Програмата, но и преку правичната распределба на државното земјоделско земјиште, заврши Николовски. 

Share
Прочитај повеќе

Како да одгледувате шафран

Шафранот (Crocus sativus) е медитеранско растение. Сака жешки и сушни лета, но преживува и ладни зими. Толерира мраз и краткотраен снежен покривач. Шафранот добро реагира на обилни пролетни дождови и сушни лета. Наводнувањето непосредно пред цветањето го зголемува приносот на цветовите. Врнежите и ладното време, за време на цветањето доведуваат до болести и го намалуваат приносот.

Share
Прочитај повеќе

Форум „Инвестиции за долгорочен економски развој“ во рамки на проект на УСАИД

Форум на тема „Инвестиции за долгорочен економски развој“ со фокус на агро-бизнисот ќе се одржи денеска во Велес, во рамки на проектот на УСАИД, Партнерство за подобра бизнис регулатива. Дел од панелистите се директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски и Ленче Николовска, советник на премиерот за земјоделство.

Share
Прочитај повеќе