Во денешното интeрвју за Радио Пела, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, изјави дека нашата држава нема да се соочи со недостиг на храна, имаме доволно храна и залиха.
-Ова е заеднички заклучок на сите министри од Западен Балкан, кој го донесовме на вчерашната видео конференција. Нема да има застој во снабдувањето на пазарите, ќе се почитуваат “зелените коридори” за непречен транспорт и трговија. Ние имаме производи кои ги извезуваме, но и производи кои ги увезуваме. Во случај на недостаток на одредени количини на основни намирници, дозволен е интервентен увоз. Со самото тоа не би требало да има никаков проблем, ниту пак стравување за недостиг на храна, истакна Димковски.
За да се заштити домашното производство, Димковски ги повикува граѓаните да купуваат домашни производи, со што ќе се поддржи локалното производство.
Современо Земјоделство