Димковски на маалска средба во Просениково: Аграрните реформи даваат реални резултати, се грижиме за земјоделците

Вести
 Во рамки на работните активности во текот на летото, членот на ЦО и министер за земјоделство шумарство и водостопанство, Трајан Димковски придружуван од членот на ИО и портпарол на СДСМ Костадин Костадинов, претседателот на ОО Струмица, Марјан Даскаловски и други членови на СДСМ, учествуваше на маалска средба со жителите на населеното место Просениково, во струмичкиот регион.
Оваа влада за 2 години направи многу, но тоа не значи дека тука ќе застанеме, туку напротив со непосредните средби со граѓаните ги слушаме нивните потреби и изнаоѓаме решенија за истите. – истакна Трајан Димковски пред присутните.
-Уште првите два месеци од 2017 година ја зголемивме директната поддршка и за лозарството, градинарството, овоштарството и сточарството, преку мерките 1 и 2 се зголемија средствата за 10 и 20 отсто. Направивме дистинкција на субвенциите кои сега имаат и социјална и развојна компонента – рече Димковски.
Тој посочи  дека од оваа година има нова мерка со која се јакне социјалниот аспект, а тоа е до 1 хектар земјоделците добиваат паушал од 12000 денари, а до половина хектар 6000 денари.
Преку мерките особено во секторот на земјоделството го враќаме достоинството на земјоделците. Само преку мерката „зелена” нафта, која започна да се реализира деновиве, околу 3 и пол милиони евра  се враќаат назад кај земјоделците.
Денес, се користат ИПАРД фондовите, се гради систем за земјоделство кој ги следи европските стандарди, земјоделството и производите стануваат конкурентни и исплатливи, истакна Димковски.
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *