Димковски: Откупот на тутун во Конче продолжува, нема простор за загриженост

Вести тутун

На барање на тутунопроизводителите од Општина Конче, денескс заедно со градоначалникот Благој Илиев, Министерот Трајан Димковски, организира средба на која се разговараше со тутунопроизводителите од овој регион по повод нивното незадоволство од текот на откупот на тутун од реколтата 2019 – та.


Иако досега откупот се одвивал без никакви проблеми и откупени се околу 70 отсто од тутунот, тутунопроизводителите се загрижени за остатокот на тутун кој сеуште не е откупен.

-Јас ги информирав дека нема простор за загриженост и дека откупот ќе продолжи со планираната динамика согласно договорите со откупувачите, истакна Димковски.

На состанокот присуствуваа и претставници на фирмите откупувачи како и претседателот на Сојузот на Здружението на тутунари.

Откупот продолжува и понатаму и нема место за загриженост бидејќи институциите и откупувачите ќе направат се што е во нивна моќ за тутнот да биде откупен во целост, согласно договорените количини.

“Современо Земјоделство”

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *