Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, заедно со Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев во Штип остварија работна средба со градоначалникот на општината, Благој Бочварски.
На средбата се разговараше за реализирање на капиталниот проект брана Отиња и за други инфраструктурни прашања и проекти важни за граѓаните и развојот на општина Штип.
МЗШВ во проектот учествува со финансирање на изработката на Студијата за влијание врз животната средина преку Програмата за рурален развој и истата е веќе изработена.

Изградбата на оваа брана ќе придонесе за навремено обезбедување на техничка вода, заштита од поплави, сурова вода за пиење, но и она што е најважно за секторот земјоделство, со водата од браната ќе се овозможи и наводнување на околу 200 хектари земјоделска површина.
Придонесот, кој МЗШВ го дава во изградбата на браната е само дел од мерките кои што им се овозможуваат на општините преку Програмата за рурален развој. Неодамна се склучија договорите со 80 општини и 8 плански региони, за што се обезбедени околу 38 милиони евра, за реализација на 202 проекти.
„Современо Земјоделство“

