Дискусија за добивање дозволи за градба на објекти за примарна обработка на земјоделски производи ќе се одржи денеска во Скопје

Вести

Јавна панел дискусија на тема „Изнаоѓање на решенија за легализација, пренамена и упростување на постапката за добивање на дозволи за градба на објекти за примарна обработка на земјоделски производи – во и вон населено место“ ќе се одржи денеска во Скопје.

Организатори на панел дискусијата се Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Здружението „Знак за квалитет“ и Активноста на УСАИД – Партнерства за економски раст.

Како што е најавено, на панел дискусијата ќе се обратат министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за транспорт и врски, за локална самоуправа и за животна средина и просторно планирање Љупчо Николовски, Благој Бочварски, Ристо Пенов и Каја Шукова.

Ќе учествуваат и претставници на институции, земјоделски здруженија и фармери.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *