До модерно и иновативно земјоделство, со правилна политика за управување со земјоделско земјиште

Вести

Постигнување на одржливо, профитабилно конкурентно, модерно и иновативно земјоделско производство може пред сè да се постигне со правилна ПОЛИТИКА за УПРАВУВАЊЕ со ЗЕМЈАТА.

За таа цел програмата за земјоделство 20-24 „Можеме“  ќе ги спроведува следните активности и мерки:

– Продажба на државното земјоделско земјиште за поголемо производство на храна

Преку продажбата на државното земјоделско земјиште на физички или правни лица ќе се создадат услови да се зголеми процентот на обработка на земјоделско земјиште. Со стекнувањето на сопственост на земјоделското земјиште ќе се олесни пристапот до кредити и користење на меѓународните фондови за сите оние кои сакаат да инвестираат во земјоделството.
Продажбата на државното земјоделско земјиште ќе биде под строго дефинирани услови со кои сите оние кои ќе го откупат земјиштето ќе бидат обврзани истото да го обработуваат.
Средствата од продажбата на државното земјоделско земјиште ќе се користат за капитални инвестиции во земјоделскиот сектор како брани, системи за наводнување и друга инфраструктура.

– Ограничување на големината на земјоделските површини при давање под закуп на државно земјоделско земјиште

Давање еднаква можност за развој на земјоделските претпријатија и елиминирање на незаконски дејства преку ограничување на големина на земјоделски површини на поединечни фармери и земјоделски претпријатија.

– Доделување на државно земјоделско земјиште на сточари

Подобрување на конкурентноста на сточарските фарми преку затворен круг на вкупното производство од нива до производ.

– Земјоделските површини до 3 ха да ги управуваат општините

Со мерката се овозможува системско разграничување на државното земјиште и парцелите помали од 3 ха да се управуваат од општините.

– Поедноставување на процедурата за легализација на сточарските фарми

Целта е да се овозможи поедноставување на процедурите за легализација на сточарските фарми.

 

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *