До денеска треба да бидат склучени договорите на тутунопроизводителите со монополите. Тутунарите бараат од откупувачите да ги зголемат откупните цени за 20 проценти, по класи и по типови на тутун за реколтата од 2018-та година, заради зголемените трошоци за производството и подобриот квалитет на родот.
Од откупот годинава, тутунарите беа задоволни од проценката на квалитетот на тутунот и од зголемувањето на субвенцијата.
Според нив со поголемите субвенции за повисоките класи ќе се зголеми и квалитетот и ќе се стимулира производството на поквалитетен тутун кое ќе им донесе поголема финансиска поддршка од државата.
Ланската реколта беше откупена по просечна цена од 217,5 денари по килограм, а сега тутунарите бараат просечната цена да биде 244 денари.