Во Бугарија ќе мора да се заколат 500.000 свињи поради свинската чума

Вести Сточарство

Бугарските власти открија уште еден случај на африканска свинска чума на фарма во близина на источниот град Русе, откако на почетокот на месецов смртоносниот вирус се појави на други места.

Во Бугарија досега се откриени 19 случаи на свинска чума на фармите.
„Уште еден случај беше откриен на голема индустриска фарма во селото Брашлен со повеќе од 40.000 свињи“, изјави Александра Митева од бугарската Агенција за храна. Таа рече дека сите свињи на фармата ќе бидат заклани.
Во саботата беше откриен случај на уште една фарма, исто така во близина на Русе, и сите свињи биле заклани. Властите веќе прогласија вонредна состојба во Русе и во уште една област во близина на Плевен, во северна Бугарија.
Вирусот зафатил и диви свињи во неколку региони во земјата.

Експертите велат дека поради епидемијата на високо заразната болест би можеле да настрадаат околу 500.000 свињи. Сепак, болеста не е заразна за луѓето.
Војската и полицијата се мобилизирани во битката против вирусот и во заштитата на други фарми. Се врши дезинфекција на фармите, ограничена е продажбата на свинско месо, а се контролираат и граничните премини.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *