На вчерашната 58 седница на Влада, се донесоа две многу важни одлуки за земјоделството:
– Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информација за степен на изграденост на рударскиот комплекс „Казандол“ и го задолжи Министерството за економија во рок од 7 дена да изготви информација за исполнетост на условите за раскинување на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина, бакар, злато и сребро, на локалитетот „ Казандол “, кој ги опфаќа општините Валандово, Богданци и Дојран, и за одземање на Дозволата за експлоатација на минерални суровини доделена на 20.7.2015 година.
– Владата, го задолжи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за финансии и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во рок од 7 дена да подготват информација за процентот на обесштетување, на штетите од мразевите во 2017 година. Со оваа се забрзува процесот на исплата на обесштетувањата за земјоделците, кои претрпеа штети.
М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство