Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денес ќе ја посети главната метеоролошка станица во Крива Паланка.
Станицата е изградена во 1947 год. а реновирана во 2018 година, со поддршка на Влада на Република Македонија. Преку Управата за Хидро Метеоролошки работи се набави нов радар за Ѓуриште, а реновирањето на станиците во Штип и Демир Капија е во тек.
Инсталирани се модерни агрометеоролошки станици во Градско, Струмица и Кочани. Во време на климатски промени, модернизацијата на овој систем е предуслов и за развиено земјоделско прозиводство – истакна Николовски.
Б.П. за Современо Земјоделство