ЕЛЕМ: Испустот на вода во Црн Дрим е на минимално ниво

Вести
За да помогне во случајот со рибниот фонд во Студенчишко блато и недоволното количество на вода и кислород во водата во каналот, АД ЕЛЕМ му понуди на Хидробиолошкиот завод во Охрид да обезбеди потопни пумпи кои ЕЛЕМ ќе ги позајми на заводот, со цел да се обезбеди поголемо вртење на водата и обезбедување кислород на загрозената локација, бидејќи во моментот заводот не располагал со доволно пумпи за таа намена, информираат од компанијата.

– АД Елем како имател на водостопанска дозвола, го одржува нивото на Охридското Езеро во дозволените рамки, односно нивото во моментов е 17 сантиметри над долната граница според дозволата, односно 10 сантиметри според мерната скала на Хидрометеоролошки завод, информираат од Државните елелктрани на Македонија, велат од ЕЛЕМ во врска со проблемот со загрозувањето на плашицата во Студенчишки канал.

Испустот на вода преку регулацискиот отвор од Охридското Езеро во реката Црн Дрим, додаваат, е на минимално ниво, кое е потребно да се обезбеди вода за живиот свет во реката, која во моментов е на ниво пониско од просечното во овој период од годината

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *