Снегот позитивно влијае врз есенската сеидба и есенските култури

Вести Полјоделство Совети

Есенската сеидба оваа година доцни поради сушата која ја имаше зафатено целата територија на државата. Досега многу мал мал процент е посеан со поледелски култури.  „Современо Земјоделство“ разговараше со советниците од Агенцијата за поттик и развој на земјоделството, и низ разговорот накратко објаснаа за сеидбата, доцнењето, снегот и дождот, влагата на почвата…

(Фото: Пелагонија „Современо Земјоделство„)

Според стручните лица-советници од АПРЗ, проблем со задоцнетата сеидба ќе има кај култури што не се наводнуват, конкретно поледелските култури.

За појаснување: Се наводнуваат градинарските култури на било каков начин, и кај нив нема да има проблем во однос на приносот.

-Високите температури кои ги имаше до скоро, кај овошките кои не се наводнуваа, ќе направат проблем односно тие ќе имаат помал принос наредната година бидејќи ја немаат потребната влага. Додека тие овошки кои се наводнувале, нема да имаат проблем со приносите, велат од АПРЗ.

(Фото: Пелагонија „Современо Земјоделство„)

Но, најголемиот акцент и најголемиот проблем е кај житните култури кои не се наводнуват и практично зависат од дождови, кои беа отсутни изминатиот период.

-До 30 октомври е оптимално време за сеидба но климатските промени кои секоја година се се поизразени донесуваат нови правила и сеидбата се извршува и во ноември дури и во прва недела од декември, велат од АПРЗ за Современо Земјоделство.

Но секако и задоцнетата сеидба си има свои негативни последици, односно се очекува помал принос од очекуваното.

-Поради кратење на вегетацискиот период, и помалиот принос кој се очекува, а за да се покрие загубата потребно е да се зголеми нормата во тежина на семе барем 10%, односно да се направи препорачаната таканаречена „Сеидбена Норма“, истакнаа од АПРЗ.

Поради сушниот период, површинскиот слој на земјата беше сув и дехидриран, така што, ако не заврнеше овој снег, сега ќе беше многу полошо.

-Дождот паралелно со снегот кој беше тежок и воден, придонесоа за зголемување на влажноста поготово во површинскиот дел, и тоа значи дека снегот делува позитивно на веќе засеаните житни култури, односно помага за `ртење и поникнување на растението, велат од АПРЗ за Современо Земјоделство.

За оние кои немаат сеуште засеано, во овој период, кога површинскиот слој на земјата има влага, многу полесно ќе се направи основната обработка и ќе се изврши есенската сеидба.

УХМР најавува зголемени врнежи од дожд за денес и утре, посебно во западните делови се очекуваат обилни врнежи (локално над 40 л/м2), а утре пообилни врнежи се очекуваат во источните делови каде локално ќе бидат поројни.

Од четврток се очекува стабилизација на временската состојба.

 

М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство.

 

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *