Eмина Таири од Тетово добитник на грант од 10.000 евра

Вести
Емина Таири е млада земјоделка од Тетово која применува органско производство за одгледување лешници. Нејзиниот насад на кој има 540 стебла лешник, се наоѓа во атарот на тетовското село Фалише. На истата локација таа има поставено кошници со пчели, па произведува и мед и пчелни производи.
Нејзиниот деловен план е да го зголемува производството, за што и е потребна набавка на машина за собирање на лешници.
Емина ги исполни сите услови од јавниот повик и е добитник на грант до 10.000 евра, со кој ќе може да ја набави машината, да си го олесни производството и да го модернизира процесот.
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *