Одгледувањето на кози станува попрофитабилно!

Вести

Бранко Станиќ од Никинац, пред шест години останал без работа, а потоа решил со семејството да направи фарма за кози. Потрагата за соодветно место за чување на козите, трала повеќе од една година. Пред четири години, тие нашле простор, купиле 20 алпски кози и се впуштиле во производство.

Со текот на времето, ја прошириле и палетата на производи, како и нивното стадо, кое денес брои 45 кози.

– Ние храна за козите не произведуваме, туку ја купуваме. Нашата цел е нашите клиенти да се задоволни, а производите да се здрави и безбедни, тоа е наш примарен приоритет – вели Немања, еден од синовите на Бранко.

Од година во година, асортиманот на производи се зголемува и сега во понудата имаат: козјо млеко, сурутка од козјо млеко, зачинско сирење (зелена пиперка, црвена лута пиперка, оригано, босилек и лук) по барање на купувачот има и младо сирење, тврдо сирење со мед, сирење од саламура, сирење во маслиново масло и козји сапун.

Алпската коза во однос на другите раси е најмлечна. Лактацијата се движи од 500 до 800 литри за време на лактацијата. 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *