Во Валандово вчера се одржа фестивалот на диви смокви „Еко росалес“. Гостите во живо гледаа како се подготвува слатко од диви смокви, дегустираа, но и разменуваа рецепти и искуства.
Поставен беше и мини саем за презентација и дегустација на други македонски традиционални производи од мали производители.
За културно-уметничката програма се погрижија Детскиот фолклорен ансамбл при Домот на културата, „Распеани валандовчани“ и „Бед опсешн“.
Фестивалот го отвори Наќо Кимов, лидер на Слоу фуд Валандово, а се обрати и градоначалникот Перо Костадинов.