Филип Морис престанува да произведува цигари

Вести

Најпознатиот светски произведувач на цигари Филип Морис интензивно работи на иднина без дим од цигари. Во блиска иднина оваа фабрика планира целосно да престане да произведува цигари, а на корисниците им нудат потенцијално помалку штетна алтернатива наречена IQOS.

Се работи за технолошка новина која би требало целосно да ги промени животите на пушачите. Планот е на начин тутунските вметнувачи, брендирани под името Heets, да се вметнат во електронски уред за греење на тутун, во кој американската компанија вложила милијарда долари. Инаку Филип Морис 2016 година ја заклучи со приходи од 74,95 милијарди долари и нето добивка од 6,97 милијарди долари и додека паѓа продажбата на класични цигари, бележи голем раст на продажбата на уметничките Heets.

Во IQOS станува збор за стандарден, набиен тутун во цигарче од 1-2 сантима, обвиен во метална мрежа па во ризла, а се става во муштикла која го загрева но не го гори тутунот. Со други зборови, се затоплува на ниво кое го ослободува никотинот но не и штетните материи во тутунот. Конкретно, цигарите горат со 600 степени целзиусови, ова затоплува најмногу до 350. Притоа, пушачот не испушта чад од цигари, туку водена пареа, како кај електронските цигари со масло. Само што се работи за вистински тутун, нормален филтер и поавтентичен вкус (имаме пробано само ментол, а ментол ко ментол, шкарт). Цигарата трае 6 минути или 14 потегнувања).

Како што истакнуваат во Филип Морис, предност на овој производ е во тоа што не чади и при тоа не создава непријатен мирис кој останува на облеката, и телото односно не произведува пепел.

Филип Морис во развојот на IQOS вложува огромни пари од 2008 година вложил повеќе од три милијарди долари во развој на производ кој би требало да биде помалку штетен од класичните цигари.

Компанијата е целосно предадена на развој на овој производ кој би требало да биде значајно повеќе user friendly отколку што тоа беа е-цигарите, кои не се прифатени во поширокиот круг на потрошувачи, но и покрај тоа и понатаму се дел од портфолиото на Филип Морис производ кој потенцијално намален ризик.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *