Хоџа оствари средба со производителите и откупувачите на зелка од Струмица

Вести Градинарство

Денеска министерот за земјоделсво, шумарство и водостопанство, Arjanit Hoxha, оствари средба со производителите и откупувачите на зелка од Струмица.

На средбата се разговараше за почетокот на откупот на пролетната зелка. Се разменија информации за актуелната состојба, за количините на произведена зелка на отворено и во затворен простор, состојбата со пласманот на домашниот и странскиот пазар како и реализираниот извоз од минатата година.

Струмичките земјоделци се најголемите производители на градинарски култури. Оваа година, за производство на пролетна зелка, посеани се околу 1200 хектари за одгледување во заштитен простор и околу 700 хектари под зелка на отворено.

Остануваме во постојана комуникација со земјоделците и активно ќе ја следиме состојбата со откупот.

Современо Земјоделство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *