Илијев: Од рурален развој досега добивме 53 милиони денари за изградба на нови локални патишта во Кочанско

Вести

Од државните фондови коишто го поддржуваат руралниот развој досега добивме 53 милиони денари за изградба на нови локални патишта во Кочанско.


Следува втората фаза од изградбата на патот Крушка – Полаки во должина од 940 м, продолжение на неодамна асфалтираните 780 м. Ќе се гради и првиот дел од локалниот пат Крушка – Ајдар. Оризари и Гратче ќе се поврзат со Кочани со асфалтирање на улиците „Енгелсова“ и „Мишо Арсов“. Асфалт ќе добие и пристапниот пат од селото Оризари до манастирот „Пресвета Богородица“ во туристичката населба Добра Вода.


Во наредниов период очекуваме прилив на средства за реализација на други проекти кои ќе придонесат за подобрување на инфраструктурата и во градот и во низинските населени места.

Фејсбук статус на Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *