-Со таа цена и ние земјоделците можеме да се пофалиме дека можеме да размислуваме и за инвестиции и за ширење-изјави Гоце Митевски, производител на вишни.
Митевски под насади со вишни има околу 80 ха. Постојано вложува во модернизација на производството и смета дека сите овоштари треба да инвестираат, пред се во делот на наводнувањето, зашто климатските промени најмногу се чувствуваат кај овошките.
-Без наводнување не може да опстане ниту еден насад, бидејќи има еден црв, жилогриз, кој врши прегризување на кореновиот врат на растението, без разлика која овошка е, и врши сушење. Но, доколку се наводнува, а посебно ако е тоа „капка по капка“ може да кажеме дека таму скоро и да го нема, не е присутен и еве јас имам насади кои сум ги зачувал од мојот татко, кои се по 15-16 години.
Во регионот годишното производство на вишни се движи помеѓу 7000 и 8000 тони, меѓутоа, годинава ќе бидат откупени околу 5000 тони. Преработените вишни се пласираат на западно европскиот пазар.