Индекси на цените во земјоделството, октомври 2019 година

Вести

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во октомври 2019 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 3.0 %, а кај аутпутот се бележи намалување од 0.1 %.

Во октомври 2019 година, во споредба со октомври 2018 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 96.9, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99.4.

Во делот аутпут, во октомври 2019 година, во споредба со октомври 2018 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 99.3, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 101.7.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *