Инвестирајте преку ИПАРД за Мерка 7 во Дестилерија за производство на ракија

Вести Огласи

Со мерка 7 од ИПАРД програмата како Инвестиции во производство на прехрамбени производи и пијалоци каде што спаѓаат:

• Алкохолни производи од грозје или овошје и пиво;
• Колачи, тестенини и пекарски производи;
• Чај и билни екстракти;
• Зачини и билки;
• Слатководна риба, ракови и мекотели

може да се аплицира за неповратен грант од 65% во инвестиција за Дестилерија за производство на ракија.

За ваквата инвестиција может да аплицираат физичко лице со место на живеење во рурални места кое сака да започне да се занимава со производство на ракија односно да инвестира во изградба и опремување на објект каде што ќе произведува ракија од грозје или друго овошје.

Исто така можат да аплицираат и фирми односно Правни лица регистрирани во Централниот регистар во ранг на микро и мали претпријатија, а тоа значи да имаат помалку од 50 вработени и годишен приход (обрт) помал од 10 милиони евра.

Вкупната вредност на инвестицијата треба да биде поголема од 1500 евра до 1 000 000 евра.

Документи кои се потребни за аплицирање за ваков вид на инвестиција се:

  1. Барање за користење на средства комплетно пополнето 
  2. Фотокопија од важечка лична карта или пасош
  3. Изјава дека на крајот од инвестицијата барателот (физичкото лице) ќе се регистрира како правен субјект во согласност со дејноста (производство на ракија).
  4. Диплома или сертификат за завршен курс/обука соодветната област за производство на ракија или изјава дека до крајот на инвестицијата ќе помине таква обука
  5. Уверение за платени даноци и придонеси од УЈП
  6. Потврда од локалната самоуправа – Општината, дека инвестицијата е во согласност со стратегијата за локален економски развој
  7. Имотен лист од земјиштето/ парцелата каде што ќе биде изграден објектот (дестилеријата).
  8. Доколку земјиштето е во државна сопственост потребно  е и договор за концесија, не пократок од  10 години од денот на аплицирањето т.е.најдобро е да се биде договорот на 15 години и тој договор да биде прибележан во имотниот лист.
  9. Поднесено барање за издавање елаборат за заштита на животната средина од Министерство за животна средина.
  10. Една понуда од добавувач до 10 000 еур со детална спецификација и изјава за земја на потекло. (опремата која се набавува мора да биде нова и неупотребувана ), доколу вреноста по ставка надминува 10 000 еур потребно е да се достават 3 понуди со детална техничка спецификација и земја на потекло. (прифатливи се и општите трошоци кои се направени за подготовка на целокупната документација за аплицирањето).
  11. Договор за општи трошоци
  12. Фактура за општите трошоци (доколку се направени)
  13. Одобрение за градба на нов објект или изјава дека ќе се достави одобрение за градба за рок не подолг од 1 година од денот на поднесување на барањето
  14. КОПИИ ИЛИ ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА (ЦД) ОД ОСНОВНИТЕ ТЕХНИЧКИ ЦРТЕЖИ И ПРЕДМЕР – ПРЕСМЕТКА ОД РЕВИДИРАНА ТЕХНИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
  15. ДЕЛОВЕН ПЛАН 
  16. РЕШЕНИЕ ЗА ВРШЕЊЕ ДЕЈНОСТ ОПЕРАТОР СО ХРАНА
  17. МИСЛЕЊЕ ДЕКА ПЛАНИРАНТА ИНВЕСТИЦИЈА Е ВО СОГЛАСНОСТ СО НАЦИОНАЛНИТЕ И ЕУ СТАНДАРДИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА

Напомена : Документите под точка 16 и 17 ПОТРЕБНИ ЗА ОВОЈ ПРИОРИТЕТЕН СЕКТОР АГЕНЦИЈАТА ЌЕ ГИ ДОБИЕ ПО СЛУЖБЕНА
ДОЛЖНОСТ.

Целокупната документација се става во затворн плик и се испраќа до Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Ул. 3 та Македонска Бригада бр 20 ( зграда на Македонија Табак блок Ц) 1000 Скопје со назнака “Не отворај”  по јавен оглас бр. __ и мерката за која се бараат средства.

По разгледувањето на барањето од страна на АФПЗРР и конечно одобрување на бараните средства барателот потпишува договор со АФПЗРР за реализација на инвестицијат и од овој момент може да се почне со купување на опремата т.е. со сопствени средства може да ја набави опремата која треба да се плати преку банка со повикување по број на фактура на образец ПП30(црвен).

После реализацијата односно од кога ќе биде отворена дестилеријата, во нашиот случај се поднесува барање за исплата и средствата кои се инвестирале се враќаат 65% односно доколку инвестицијата изнесувала 250 000 евра, средства кои ќе му бидат доделени на барателот се 162 500 евра кои преставуваат неповратен грант.

Барателот е должен оваа инвестиција да ја чува и да не ја отуѓува во наредните 5 години.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *