ИПАРД III (2021-2027) – информации, промени и нови мерки

Вести

Конечната верзија на новата ИПАРД 3 програма ( 2021-2027), која во изминатиот период беше подготвувана од страна на ИПАРД телото во РСМ, на 26.11. 2021 г. беше испратена до Брисел, по што ќе следи процес за нејзино усвојување од страна на Европската комисија. Според информации од надлежните, тоа треба да се случи на почетокот од следната година. Тоа значи дека реални се очекувањата имплементацијата на новата ИПАРД 3 програма (2021-2027) да започне веќе во текот на 2022 година.

Вредноста на ИПАРД 3 програмата е 97 милиони евра, а реални се и очекувања дека оваа сума можно е да се зголеми. Ако се направи споредба со ИПАРД 2 , чија имплементација заврши со последниот повик за Мерка 7, за кој краен рок за аплицирање беше 6 септември оваа година, фондот на средствата од ИПАРД 3 програмата ќе биде значително зголемен.

Новата ИПАРД 3 програма предвидува осум мерки, од кои четири се веќе акредитирани, една е претходно програмирана, но не и акредитирана и три се целосно нови и тоа:

  • Мерка за инвестиции во АГРОЕКОЛОГИЈА И ОРГАНСКО ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Оваа мерка ќе биде наменета како за физички, така и за правни лица и задруги, индувидуални земјоделци и сл.

Мерката ќе има две целни групи:

-Производители на земјоделски производи кои се во фаза на премин кон органско производство

-Производители  на земјоделски производи кои се веќе сертифицирани  и регистрирани во регистарот на органски производители на МЗШВ

Средставата ќе бидат наменети за дирекни инвестиции во органското земјоделство, механизација, преработка на земјоделски производи, обуки и поддршка за воведување и одржување на методи на органско земјоделско производство.

Неколкуте главни цели на оваа мерка се:

  • развој на органското земјоделство преку проширување на површините;
  • Едуцирање на земјоделците и администрацијата за спроведување на еколошки земјоделски практики и активности;
  • намалување на испуштањата на хемиски материи во животната средина (почва, вода, воздух);
  • подобрување на квалитетот и плодноста на почвата;
  • Мерка за инвестиции наменети за ЛОКАЛНИ АКЦИСКИ ГРУПИ т. н. ЛАГ- ови, наменета за финансирање и поддршка на нивните програми за работа.

Во оваа мерка интересно е дека, покрај другото, вклучени се и т. н МАЛИ ПРОЕКТИ, чија сума нема да надмине 5000 евра. Средстава од овие мали проекти ќе бидат наменети за:

-Настани (како селски фестивали, натпревари, учества на саеми и слични акции);

-Набавка на материјали и опрема (како што се компјутери, пакување и маркетинг опрема, туристички информативни табли);

-Мало реновирање на објекти за подобрување на јавните простори, туристички патеки и инфраструктура од мал обем (т.е. игралишта) и сл.

-Проектирање планови за реставрација на историски градби и др.

  •  Мерка наменета за ИНВЕСТИЦИИ ВО РУРАЛНАТА ЈАВНА ИНФРАСТРУКТУРА

Оваа мерка е во фаза на акредитација.

Исто така, во новата ИПАРД 3 програмата, како што спомнавме, вклучени се и мерките кои беа објавувани, а тоа се:

Мерка 1: ИНВЕСТИЦИИ ВО МАТЕРИЈАЛНИ СРЕДСТВА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ СТОПАНСТВА, во која ќе биде подигнат прагот на минималната инвестици и тоа наместо досегашните 3.000 евра минималната вредност на вкупно прифатливите трошоци на предложената инвестиција, сега ќе биде 10.000 евра.

Оваа мерка ги опфаќа следните приоритени сектори

  • Сектор за растително производство: (житарки, индустриски и фуражни култури, градинарски култури, вклучувајќи и компир;  повеќегодишни култури, овоштарници, вклучувајќи и трпезно грозје, маслинки, медоносни дрвја за производство на мед, лозја;
    • Сектор сточарство: Говеда (за млеко и гоење), свињи (за репродукција и гоење), овци и кози (за млеко и гоење), живина (одгледувани за производство на месо – бројлери, кокошки несилки);
    • Преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на земјоделското стопанство
    • Производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка, преку обработка на растителни и животински производи од примарна и секундарна биомаса.

Мерка 3: ИНВЕСТИЦИИ ВО ФИЗИЧКИ СРЕДСТВА ЗА ПРЕРАБОТКА И МАРКЕТИНГ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ И РИБИНИТЕ ПРОИЗВОДИ

За да се добие поддршка во рамките на оваа мерка, вкупните прифатливи трошоци за предложениот инвестициски проект треба да изнесуваат најмалку 20.000 евра, наместо досегашните 10.000 евра.

Исто така, новина е и тоа што се направени некои промени и прилагодувања, кои ќе важат за сите мерки, со цел полесно и поефикасно искористување на средствата како од страна на земјоделците, така и на агробизнисмените.

Една од мајавените промените е начинот на исплата на одобрените средства за одобрените проекти. Предлог-програмата за ИПАРД 3 предвидува авансна исплата на средства и тоа до 50 % од сумата.  

Тоа, низ пример, значи дека ако се конкурира со проект вреден 100.000 евра за мерка каде повратот на инвестицијата е 60 отсто, апликантот, преку авансното финансирање, со склучување на ИПАРД договорот ќе добие до 50 отсто од средствата или 30.000 евра.

Промена има и во прагот до кој апликантите треба да достават ТЕХНИЧКИ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТОдносно, до сега за инвестиции до 50.000 евра апликантите требаше да достават ТЕХНИЧКИ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТ, за инвестиции повисоки од 50.000 евра ДЕЛОВЕН ПЛАН. Сега во ИПАРД 3 тој праг ќе биде 80.000 евра.

Новина е и тоа што како корисник на ИПАРД средствата ќе може да се јави т.н. здружено-правно лице за колективни инвестиции во примарно производство или преработувачка индустрија. Тоа може да се задруги, организација или група производители, правно лице формирано од повеќе индивидуални производители регистрирани во МЗШВ, како и правно лице формирано од здружение или асоцијација.

Според информациите, очекувањата  се дека мерките 1, 3 и 7 ќе бидат објавени веќе во текот на наредната 2022 година се реални, бидејќи во моментот се одобруваат апликациите од последниот јавен повик за Мерка 7 проектиран на 13,5 милиони евра и со тоа се очекува да бидат искористени сите расположливи средства од ИПАРД 2, чиј буџет тежи 60 милиони евра.

Мора да напоменеме дека конкретните услови, потребната документација и сите детали околу сите промени и за новите мерка ќе ги имаме по конечното потпишување на документацијата со Европската комисија за одобрување на ИПАРД 3 програмата.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *