(ВИДЕО) Меџит Амити, признание за Особен придонес во развојот на овчарството

Вести

Меџит Амити, агроном на насока Сточарство, повеќе од 40 години се занимава со одгледување на овци. Како претседател на земјоделското здружение Шарпланинец и преку работата со здружението овозможува доближување на мерките на Владата до сточарите, осовременување нови бачила, се бори за нивните права и поголема заработка од овчарството. За неговата неуморна работа Амити доби признание за Особен придонес во развојот на овчарството во РС Македонија, на вчерашната манифестација за „Избор на најуспешни во областа на земјоделството“.

Амити се заблагодари на Современо земјоделство и на Агротим за добиената награда, а особена благодарност ѝ упати на Ленче Николовска, која ја нарече „амбасадорката за овчарство која постојано дава поддршка за овчарството“.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *