Издадените потврди за движење на земјоделци во полициски час ќе важат до крајот на вонредната состојба

Вести

Земјоделците што имаат работни обврски на своите земјоделски површинии и на фармите, а кои се наоѓаат во атарот (место на живеење) на селото во кое што живеат, можат да се движат за време на забраната за движење без да вадат дозвола, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење.

-Земјоделците пак, чиишто земјоделски површини или фарми се наоѓаат надвор од селото/градот каде што живеат и треба да патуваат од едно во друго село, да сообраќаат по регионален пат, а имаат работни обврски поврзани со производството, задолжително треба да извадат дозвола за движење. Вадењето дозволи за оние земјоделци кои треба да патуваат од местото на живеење до локацијата каде што им се наоѓа земјоделската површина или фарма, ќе се спроведува како и досега, преку испраќање на податоци до Подрачните единици на Министерството за земјоделие, информираат од МВР.

Сите досега издадени дозволи, се вели во соопштението, продолжуваат да важат до крајот на вонредната состојба.

Од МВР напоменуваат дека строгo се забранува издавање на дозволи за движење на земјоделци кои имаат навршено и над 67 години.

– Тие треба телефонски да се јават во Подрачната единица на Министерството за земјоделие и да пријават еден помлад член со кој се во роднинска врска (син, ќерка, зет, снаа, внук) и на тоа лице ќе му биде издадена дозвола за движење. Право на движење има само еден член на земјоделско стопанство. Барањата за дозвола се доставуваат по телефон или на е-маил до подрачната единица на МЗШВ, од понеделник до четврток, најдоцна до 12 часот. Готовите дозволи се принтаат од страна на вработените во подрачната единица и им се даваат на земјоделците, стои во соопштението од МВР.

Издадените дозволи за движење на земјоделците, важат до крајот на вонредната состојба.

Право на издавање на дозвола имаат само евидентираните земјоделци во Единствениот регистар на МЗШВ. Фирмите чија дејност е поврзана со земјоделско производство имаат право самите да издаваат потврди за движење на своите вработени.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *