Издавање на евидентен лист до крајот на месецот

Вести

Тутунарите се подготвуваат за новата реколта. Најдоцна до 31-ви март, пред да склучат договори за откуп, мораат да го пријават новото производство за оваа година.

Пријавувањето се врши во подрачните единици на министерството за земјоделство каде што е местото на живеењето на производителот независно каде се наоѓаат површините со тутун.

Земјоделците треба да добијат евидентен лист со сите катастарски парцели на кои ќе садат тутун, според типови и количества, кој ќе се внесува во регистерот на земјоделските стопанства.

Заедно со осумте досегашни откупувачи од оваа година во новата реколта влегува и уште една странска команија. Ново лиценцираната грчка „Мисиријан“ им се придружува на монополите и ќе почне да склучува договори за откуп со тутунарите.

Досега од ланската реколта се откупени повеќе од 23,5 илјади тони тутун, со просечна цена од 217 денари за килограм.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *