ПОВИК ЗА НАБАВКА НА ТРАКТОРИ

Вести Огласи

МЕРКА 121 – ИНВЕСТИЦИИ ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА НА
ЗЕМЈОДЕЛСКИ СТОПАНСТВА

ОПИС НА МЕРКАТА
ПОДДРШКАТА ЗА ИНВЕСТИЦИИ ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ
СТОПАНСТВА СЕ РЕАЛИЗИРА ПРЕКУ УНАПРЕДУВАЊЕ НА ФИЗИЧКИОТ
ПОТЕНЦИЈАЛ НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО СТОПАНСТВО :

Целта на мерката 121 – „Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства“ е подобрување на целокупните резултати од работењето на земјоделското стопанство и достигнување на повисоки стандарди од минималните стандарди утврдени со законите од областа на земјоделството или новововедени стандарди од областа на земјоделството.
Инвестициите согласно оваа мерка се наменети за зголемување на ефикасноста на производството преку намалени трошоци за земјоделско производство и подобрување на квалитетот на земјоделско производство, и/или за достигнување на повисоки стандарди од минималните стандарди утврдени со закон или за достигнување на новововедени стандарди согласно со закон и тоа само за оние инвестиции кои се сметаат за дополнителни инвестиции за достигнување на минимални стандарди и не доведуваат до зголемување на производниот капацитет.

ПРИФАТЛИВИ ИНВЕСТИЦИОНИ АКТИВНОСТИ И ПРИФАТЛИВИ
ТРОШОЦИ ПО ИНВЕСТИЦИОНИ АКТИВНОСТИ
Согласно Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година
прифатливи се само инвестиции за набавка на трактори , додека набавка на приклучна земјоделска механизација не е прифатлив трошок во овој јавен повик.

КОРИСНИЦИ
Потенцијални корисници за Mерка 112, се земјоделски стопанства упишани во
Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за
земјоделство, шумарство и водостопанство, во согласност со Закон за земјоделството
и рурален развој по следниве основи:

Физички лица:

– Индивидуален земјоделeц – носител на земјоделско стопанство вршител на
земјоделска дејност согласно Закон за вршење на земјоделска дејност;
– Индивидуален земјоделeц – носител на семејно земјоделско стопанство кој се
стекнал со статус на осигуреник согласно Закон за пензиско и инвалидско
осигурување;
– Носител на семејно земјоделско стопанство кој се занимава со земјоделство
како дополнителна дејност;

Правни лица:

– Трговски друштва регистрирани согласно Закон за трговски друштва;
– Трговец поединец – регистриран согласно Закон за трговски друштва;

НАПОМЕНА:
–Барателите кои биле корисници на финансиска поддршка за набавка трактори
преку ИПАРД Програмата и Националните програми за финансиска поддршка на
руралниот развој за претходните десет години, не се прифатливи како корисници
на оваа мерка.
-Барателите треба да го ажурираат статусот и податоците на земјоделското
стопанство во Единствениот регистар во земјоделски стопанства и истото можат
да го направат во Подрачната Единица на Министерството за земјоделство,
шумарство и водостопанство.

КРИТЕРИУМИ:

 

НАЧИН НА КО-ФИНАНСИРАЊЕ

Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на ко-финансирање на реализирани
и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на
одобрените прифатливи трошоци.

Ставката на ко-финансирање се зголемува во одредени случаи, и изнесува:
– 55% од вредноста на одобрената инвестиција, за инвестиции поднесени
од носител на земјоделско стопанство од 18 години старост до 40 години
старост на денот на поднесување на инвестицијата;
– 60% од вредноста на одобрената инвестиција, за инвестиции во
земјоделско стопанство кое се наоѓа во подрачје со ограничени
можности;
– 65% од вредноста на одобрената инвестиција, за инвестиции поднесени
од носител на земјоделско стопанство од 18 години старост до 40 години
старост на денот на поднесување кое се наоѓа во подрачје со ограничени
можности.
– 75% за инвестиции во недостапни рурални заедници

За да биде прифатлив, корисникот на поддршка за инвестиции за модернизација на
земјоделски стопанства треба да добие најмалку 51 бод.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

По објавување на јавниот повик, од страна на АФПЗРР, за поднесување на барања
за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот
развој за 2025 година, потенцијалниот корисник на средствата треба да поднесе
електронско барање за користење на средства од Програмата за финансиска
поддршка на руралниот развој за 2025 година по соодветната мерка. Креираното
електронско барање се превзема, печати и потпишува од страна на Барателот и
заедно со сите пропратни документи соодветно на типот на инвестиција се
доставува до Агенцијата во затворени во плик на кој на горниот лев агол да пишува
„Барање за финансиска поддршка, Арх. Бр. на Барањето (0425-11116-ХХХХ/1)“ на
следната адреса:
АФПЗРР за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој ул. „3-та
Македонска бригада” бб зграда на Македонија Табак блок Ц 1000 Скопје, Република
Северна Македонија или лично на рака во писарницата на АФПЗРР за финансиска
поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), на истата адреса.

Современо Земјоделство Ви стои на располагање, за изработка на деловен план и комплетно аплицирање на повикот 

075/619-032

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *