Јавен повик за финансиска поддршка преку Фондот за можности на IME, во партнерство со Министерство за економија

Вести Огласи

Согласно стратегијата за поддршка на секторот одржливо земјоделство, преку Фондот за можности, Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME) во партнерство со Министерството за Економија обезбедува дополнителна поддршка на МЕРКА 1. Развој и поддршка на претприемништвото, ММП и занаетчиството, подмерка 1.1 Финансиска поддршка за микро и мали претпријатија, која е дел од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2021 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.15/21)

 

Целта на Фондот за можности на Програмата IME е да го зголеми бројот на работни места, приходите и продажбата на приватниот сектор преку решавање на предизвици на пазарниот систем во секторите: одржлив агробизнис, авантуристички/активен туризам и ИКТ. За да се решат неефикасностите на пазарниот систем на траен начин, IME ќе ко-инвестира со локални компании. Средствата ќе се користат стратешки да се стимулираат актерите на пазарот, особено предводниците или оние кои ќе воспостават нови подобрени деловни модели, без разлика дали се компании или група на компании (претпријатија) вклучени во алијанса. Многу иновативни компании (претпријатија) треба да ги приоритизираат своите одлуки за инвестиции поради ограничените ресурси, високата цена на капиталот и ограничувањата на протокот на пари, што значи, тие треба да ги распределат своите инвестиции во текот на неколку години. Ова не само што влијае на нивната деловна експанзија и создавање на вработувања, туку има и силно влијание врз растот на нивните добавувачи.

Овој повик за Фонд за предизвици Програмата IME го распишува и го реализира во соработка со Министерството за економија. 

Дополнителна поддршка преку Фондот за можности на IME за развоен проект

Доколку микро или мало претпријатие бара субвенционирање преку подмерка 1.1 Финансиска поддршка за микро и мали претпријатија на Министерството за економија како дел од развоен проект со кој се воведува иновација или се врши подобрување на бизнис моделот, може да аплицира за дополнителна поддршка преку инструментот Фондот за можности на IME под истите услови, односно со кофинансирање на 50% од докажаните трошоци, но не повеќе од 400.000,00 денари по апликант направени за следните намени:

  • Развој на синџирот за снабдување со суровина (на пр. подобрување на продуктивноста или зајакнување на капацитетот на другите актери во синџирот на снабдување).
  • Воведување на нова технологија (на пр. воведување иновации, нови еколошки норми, подобрување на ефикасноста на процесите, и сл.)
  • Развој на нов производ (на пр. консултант, нов рецепт, тестирање, дизајн, етикети, пакување и сл.)
  • Развој на пазар (учество на саеми, влез во маркет, презентации, промоции, онлајн платформи, брендинг и сл.)

* За претпријатија кои се во сопственост на жени, над 50% и управувани од жени, процентот на кофинансирање на  докажаните трошоци ќе се зголеми за 10%.

Право на учество на повикот за дополнителна поддршка преку Фондот за можности на IME

Поддршка од Фондот за можности на IME програмата може да добијат микро и мали претпријатија кои вршат претежна дејност (наведена во тековната состојба) која спаѓа во шифра на дејност C/B согласно Националната Класификација на Дејностите-Рев.2.:

10.3 Преработка и конзервирање на овошје и зеленчук

10.31     Преработка и конзервирање на компири

10.32     Производство на сокови од овошје и зеленчук

10.39     Друга преработка и конзервирање на овошје и зеленчук

11.0        Производство на пијалаци

11.02     Производство на вино од грозје

11.03     Производство на јаболковина и вина од друго овошје

Дополнителни информации и документација за аплицирање

Сите апликанти мора да ги достават апликациите електронски преку е-пошта на: ContactIME@thepalladiumgroup.com најдоцна до 16.04.2021. Повеќе информации и потребна документација за аплицирање е достапна на следните линкови:

Линк до повикот:

Јавен повик за финансиска поддршка преку Фондот за можности – Краен рок за пријава: 16 април 2021 год.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *