Јавен повик за финансиска поддршка преку Фондот за предизвици на IME

Вести Огласи

Согласно стратегијата за поддршка на секторот одржливо земјоделство, преку Фондот за предизвици, Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME) во партнерство со Министерството за Економија обезбедува дополнителна поддршка на МЕРКА 1. Развој и поддршка на претприемништвото, ММП и занаетчиството, подмерка 1.2 Финансиска поддршка за женско претприемништво, која е дел од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2021 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.15/21)

Целта на Фондот за предизвици е да ги зголеми вработувањата, приходите и продажбата на компаниите преку адресирање на системски пазарни предизвици во одржливото земјоделие, авантуристички/активен туризам и ИКТ. Фондот за предизвици треба да овозможи развивање на бизниси во сопственост или управувани од жени и млади и создавање подобри инклузивни услови за вработување.

Фондот за предизвици има за цел да го поттикне развојот на нови и да се подобрат постоечките производи и услуги, да се подобрат поврзувањата на компаниите со останатите во нивниот вредносен ланец (на пример, производител од мал обем да се поврзе со компанија или пак установа на која ќе и ги нуди своите производи). Поддршката треба да помогне да се зголеми конкурентностa на компаниите со цел успешно да ги пласираат своите производи и услуги на домашните или странските пазари.

Овој повик за Фонд за предизвици Програмата IME го распишува и го реализира во соработка со Министерството за економија. 

Дополнителна поддршка преку Фондот за предизвици на IME за развоен проект

Доколку микро или мало претпријатие бара субвенционирање преку подмерка 1.2 Финансиска поддршка за женско претприемништво на Министерството за економија како дел од развоен проект со кој се воведува иновација или се врши подобрување на бизнис моделот, може да аплицира за дополнителна поддршка преку инструментот Фонд за предизвици со кофинансирање на 80% од докажаните трошоци, но не повеќе од 150.000,00 денари по апликант направени за следните намени:

  • Развој на синџирот за снабдување со суровина (на пр. подобрување на продуктивноста или зајакнување на капацитетот на другите актери во синџирот на снабдување).
  • Воведување на нова технологија (на пр. воведување иновации, нови еколошки норми, подобрување на ефикасноста на процесите, и сл.)
  • Развој на нов производ (на пр. консултант, нов рецепт, тестирање, дизајн, етикети, пакување и сл.)
  • Развој на пазар (учество на саеми, влез во маркет, презентации, промоции, онлајн платформи, брендинг и сл.)
Право на учество на повикот за дополнителна поддршка преку Фондот за можности на IME

Поддршка од Фондот за предизвици на IME програмата може да добијат микро и мали претпријатија кои вршат претежна дејност (наведена во тековната состојба) која спаѓа во шифра на дејност C/B согласно Националната Класификација на Дејностите-Рев.2.:

10.3       Преработка и конзервирање на овошје и зеленчук

10.31     Преработка и конзервирање на компири

10.32     Производство на сокови од овошје и зеленчук

10.39     Друга преработка и конзервирање на овошје и зеленчук

11.0       Производство на пијалаци

11.02     Производство на вино од грозје

11.03     Производство на јаболковина и вина од друго овошје

Дополнителни информации и документација за аплицирање

Сите апликанти мора да ги достават апликациите електронски преку е-пошта на: ContactIME@thepalladiumgroup.com најдоцна до 30.04.2021. Повеќе информации и потребна документација за аплицирање е достапна на следните линкови:

Линк до повикот:

Јавен повик за финансиска поддршка преку Фондот за предизвици – Краен рок за пријава: 30 април 2021 год.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *