Согласно Програмата за развој на туризмот во Република Северна Македонија за 2021 година, Министерството за економија објавува Јавен повик за финансиска поддршка на aктивен туризам.
Предмет на јавниот повик е субвенционирање трошоци за опрема и алатки кои ќе помогнат во подобрување на овој вид на туризам со што Министерството за економија ќе надомест 50% од прикажаните трошоци за оваа намена, но не повеќе од 150.000 денари за една апликација. Средставта се наменети за:
-Набавка на опрема и алатки
-Уредување/ подобрување на деловниот простор
Субвенционирани ќе бидат докажаните трошоци за предвидените намени настанати во 2020 и 2021 година.
Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани субјекти, правни лица, владини и невладини организации од областа на туристичкото стопанство, фондации, здруженија на граѓани, регистрирани според Законот за здруженија и фондации и Бизнис Центрите формирани во рамки на општините , основани за цели поврзани со поддрша и развој на туризмот.
Јавниот повик во целост е објавен на Веб страницата на Министерството за економија www.economy.gov.mk.
Крајниот рок за аплицирање е до 31.05.2021 година.