Брокула – природен лек против дијабетис

Вести Совети

Oд секогаш се знаеле благодетите на брокулата, а сега според најновата студија, брокулата содржи состојка која може да им помогне на оние со тип 2 дијабетес подобро да го контролираат нивото на шеќер во крвта, потенцијално овозможувајќи нов третман за оваа болест.

При експерименти врз глувци со дијабетес, било докажано дека хемикалијата наречена сулфорафан им го намалувала нивото на гликоза, а од тестирања врз 97 човечки доброволци во траење од 12 недели, било утврдено дека тоа намалување било за некои 10%, што е доволно за редуцирање на компликациите кои можат да се случат во очите, бубрезите или крвта.

Дозата сулфорафан била еквивалентна на внес на 5 килограми брокула дневно, а истражувачите се надеваат дека наскоро таа ќе може да биде адаптирана во прашок кој би се додавал во храната или пијалаците.

Важно е да се напомене дека скоро сите (освен тројца) учесници во студијата продолжиле да земаат метформин, лек кој веќе се користи за регулирање на шеќерот кај дијабетичарите.

Истражувачите сметаат дека сулфорафанот евентуално би можел да го замени метформинот кај некои пациенти, бидејќи дел од нив не смеат да го земаат поради ризикот од оштетување на бубрезите.

Двете хемикалии имаат различен пристап со кој што се „справуваат“ со болеста – сулфорафанот ги потиснува ензимите во црниот дроб кои го стимулираат производството на гликоза, додека метформинот ги прави клетките почувствителни на инсулинот, исфрлувајќи ја гликозата од крвотокот.

Како и за секој друг лек, потребни се поголеми и подетални студии пред тој да биде одобрен за секојдневно користење.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *