ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на микро и мали претпријатија

Вести

Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2021 година (Сл. Весник на РСМ бр. 15/21), Министерството за економија на 10.03.2021година објави ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на на микро и мали претпријатија

Предмет на овој јавен повик е субвенционирање на микро и мали претпријатија , преку кофинансирање на 50% од докажаните трошоци,  направени за следните намени:

-Набавка на опрема и алати

-Набавка и инсталација на фотоволтаични панели – затворен систем за производство на електрична енергија за сопствени потреби на претпријатието со моќност до 5kW.

За претпријатија кои се во сопственост на жени, над 50 % и управувани од жени, процентот на кофинансирање на докажаните трошоци ќе се зголеми за 10 %.

Максималниот износ на кофинансирање на трошоците е 400.000,00 денари по барател.

Ќе бидат субвенционирани докажаните трошоци за предвидените намени настанати во 2020 и 2021 година.

Право на учество имаат  приватни претпријатија со мнозински домашен капитал (над 50 %), Регистрирани согласно Законот за Трговски друштва, кои ги исполнуваат следните услови:

-Не биле субвенционирани преку Министерството за економија по јавните повици објавени во 2020 и 2021 година и тоа

  • Јавен повик е субвенционирање на претпријатија кои се во сопственост на жени и управувани од жени
  • Јавен повик е субвенционирање на занаетчии
  • Јавен повик е субвенционирање на микро , мали и средни претпријатија

-Да не го надминуваат максималниот дозволен износ од 200.000 евра од вкупно добиена помош за период од три фискални години, согласно Уредбата за условите и постапката за доделување на помош од мало значење (Сл. Весник на РМ бр. 141/2011).

-Да имаат работење во траење од најмалку 6 месеци пред објавувањето на јавниот повик

-Да има деловно седиште на територијата на РСМ

-Да има минимум двајца вработени на неопределено полно работно време

-Да спаѓа во категоријата на микро и мали претпријатија

-Да има измирено обврски кон државата и вработените

-Да има статус на активно претпријатие над кое не е покрената активна постапка за стечај или ликвидација

Крајниот рок за аплицирање по овој јавен повик е 16.04.2021 година.

Јавниот повик, заедно обрасците потребни за аплицирање во целост е објавен на веб страницата на Министерството за економија.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *