-Ја препознаваме потребата за градобијна заштита и ги потврдуваме нашите заложби за реализација на ваква мерка, потенцираше министерот Љупчо Николовски на трибината со земјоделците од ресенско.
Министерот и присутните разговараа за новите политики на Владата.
-Ги слушаме проблемите со кои се соочуваат и ги забележуваме нивните предлози за дополнително усовршување на мерките кои ги нуди #МЗШВ. Наша цел е да создадеме поволни услови за развој на агро секторот во секој регион, истакна Николовски.
Тој потсети и дека исплатени се околу 100 милиони денари обештетувања за штети предизвикани од мраз 2017 година, за над 2.300 земјоделци од преспанскиот регион. Исто така нагласи и дека Владата обезбеди средства за сите 17.500 баратели кои претрпеле загуби минатата година.
Во однос на градобијната заштита, Николовски истакна дека ИПАРД Програмата нуди мерка за 50 отсто кофинансирање на трошоците за набавка на заштитна мрежа.
Ова беа само дел од темите на кои министерот Николовски дискутираше со земјоделците од Ресен. Во рамките на посетата, тој се сретна и со градоначалникот на општината и овоштарите кои претрпеле штети од временски неприлики.