Johnnie Walker со посебна едиција за денот на жената

Вести

Johnnie Walker пред празникот на жената се придружи на глобалното движење за родова рамноправност и одлучи денот да го одбележи со посебна едиција Jane Walker Black Label.

 

Прв пат, по речиси два века од овој бренд го промени ликот на шишето. Тврдат дека не се работи само за маркетинг, туку дека жената на шишето е дел од нивната кампања “Keep Walking America”.

Jane Walker Black Label ќе биде во продажба од март со препорачана цена од 34 долари по шише. Од секое продадено шише на изданието Jane Walker, еден долар ќе биде дониран за организации кои се борат за правата на жените, а 150.000 од вкупно 200.000 долари донација од Johnnie Walker ќе замине во фондот Elizabeth Cady Stanton и Susan B Anthony за нивната кампања Monumental Women. Дел од парите ќе оди кај организацијата She Should Run која се обидува да поттикне поголем број жени да се кандидираат за политички позиции во САД.

Johnnie Walker is proud to unveil Jane Walker, the first-ever female iteration of the brand’s iconic Striding Man logo. (PRNewsfoto/Johnnie Walker)

 

Некои ја поздравија оваа одлука, а некои се цинични.

„Не гледам како ова е симбол на рамноправност на половите. Повеќе е маркетиншка стратегија за зголемување на продажбата“, е еден од критичките коментари на Twitter.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *