ЈП „Стрежево“ ќе гради фотоволтаична централа во вредност од 21 милион денари

Вести

 

Директорот на ЈП „Стрежево “ Битола, Менде Граматковски, денеска ја најави изградбата на новата фотоволтаична централа со моќност од 500kW. Фотоволтаичната централа, ЈП „Стрежево“ Битола, ќе ја гради со сопствени средства во вредност од 21 000 000 денари како нова инвестиција оваа година и тоа на сопствено земјиште.

– Веќе имаме добиено премиум тарифа, изработена е и локално урбанистичка планска документација, земјиштето е пренаменето во градежно и е објавен оглас за јавна набавка на изработка на проект во сите фази.

Изградбата се планира да заврши на крајот на третото или почеток на четвртото тромесечие оваа година. Со оваа инвестиција ги зголемуваме приходите во претпријатието и вложуваме во чиста енергија“- изјави Граматковски.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *