
„Внесуваме уште една можност, односно при електронското наддавање за земјоделско земјиште над 3 хектари, доколку прворангираниот не го склучи договорот, тоа може да го стори второрангираниот“, рече Љупчо Николовски, Министер за земјделство.
Законските измени предвидуваат младите лица до 40 години, кои добиле државно земјиште, да бидат ослободени од плаќање на закупнина три години од склучување на договорот. Дел од новините е и можноста на земјоделско земјиште да се градат угостителски и објекти за спорт и рекреација, како и можност за земјоделци кои веќе имаат закупено државно земјоделско земјиште, да можат да аплицираат и за нови огласи за парцели до 10 хектари. Ова најмногу се однесува на винариите.