Јунешко Бејби Биф месо – исплатлив бизнис

Вести Совети Сточарство

Јунешкото месо е едно од најбараните на странските пазари. Развиените земји поради недостигот, веќе одамна работат  на зголемување на производството, преку инвестирање во зголемување на основните стада. Ваквата побарувачка го прави ова месо и едно од најскапите.

Но, во Македонија, и покрај идеалните климатски услови за одгледување јунци, на прсти се бројат сточарите што решиле да се занимаваат со производство на ова месо чија популарност се должи пред се  поради високата хранлива моќ. 

Трошоците се повисоки, но и откупната цена

Трошоците за производство за јунешкото бејби биф се поголеми во однос на производството на говедско месо. Но тоа не треба да разочарува, затоа што ова месо има висока откупна и продажна цена. Трошоците за одгледување за еден јунец бејби биф во еден турнус кој трае околу 200 дена се околу 800 до 900 евра. Еве во бројки колку чини се поединечно:

 -теле                                            400 евра

  -храна                                        350 евра

  -раб.сила                                     30 евра

 – вететеринарни услуги         20 евра

  -други трошоци                       50 евра

-За  да се започне ваква инвестиција потребни се многу пари, околу 200 000 евра.За бизнисот да биде исплатлив потребно е најмалку 200 грла во еден турнус кој трае 6 месеци, инвестицијата би се вратила за 3 години. Ваквото месо има сигурен пласман, најбарано е, најквалитетно,  се продава по 25 евра за килограм. Во некои држави од Европската унија на годишно ниво целото производство однапред е продадено. Европската унија има недостиг на јунешко бејби биф месо. Еден сточар ако сака да почне ваков агробизнис, прво треба да обезбеди пласман,  објаснуваат експертите.

 

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *