Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, беше дел од третиот по ред Скопски вински салон – „Винодонија 2018“.
-Ми беше задоволство да бидам дел од овој настан, кој е вистински симбол на винската култура во Македонија. Како министерство и понатаму ќе ги поддржуваме настаните за промоција на нашите производи и развој на земјоделски култури, рече Николовски.
Преку 300 етикети на вино од 40 македонски и странски винарии се изложени на третиот по ред Скопски вински салон – „Винодонија 2018“.
М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство