Како да дресирате овчарско куче?

Вести Совети

Се поставува прашањето за тоа како успешно да ги дресирате овчарските кучиња. Во текстот, драги земјоделци даваме совети кои ќе ви го олеснат дресирањето на вашиот овчарски миленик. Постојат бројни книги и видеа во форма на упатства за дресирање на кучиња, што укажува на значајноста на оваа тема.

Грижа за мало овчарско куче

Прво, грижата за куче е голема одговорност. Да се чува правилно и да се храни соодветно со храна која е предвидена за неговата возраст, редовно да се вакцинира и да не се очекувате од него да се однесува како возрасно куче одеднаш. Исто така, мора да се заштити од влијанието на возрасните кучиња ако ги имате, за да не се исплашат и да се развиваат нормално. Треба да се грижиме за нивна заштита од крлежи, хигиена и да им обезбедиме простор за спиење. Не е добро да биде на отворено за време на непогоди и временски неприлики.

Име на кучето

Може да изгледа занемарливо, но на овчaрското куче, најдобро е да му се даде име кое е лесно за изговарање. За успешно дресирање, мора да има едно име, кое ќе биде јасно, да се избегнуваат прекари, бидејќи може да ја попречи неговата послушност во иднина.

Први чекори во дресирање и обучување на овчарските кучиња

Овчарското куче, мора да го има вниманието на сопственикот да биде послушно, поврзано и лојално. Ова значи дека фармерот мора да помине време со него, да го води низ имотот и да ја запознае територијата. Исто така, многу е важно овчарското куче да ги знае границите на имотот и територијата што ја чува. Влегувањето во имотот на други сопственици, не е пожелно. Причините се: може да дојде до опасност, да биде нападнато, да изеде отров или некој отпад и да се отруе и слично. Овчарското куче, не е Ваш миленик, туку соработник на фармата.

Научете го на ремче и во почетокот низ фармата, првиот контакт со животните на фармата да го има додека е врзано. Во секое време, можете да го повлечете и да го тргнете, и на тој начин тој во Вас ќе гледа авторитет.

Важноста на основните команди во дресирањето на овчарските кучиња

Основните команди, овчарските кучиња мора да ги совладаат. Тие се: донеси го тоа, земи го она, седи, дојди, не допирај и слично. Многу е важно овчарско куче да ги совлада овие команди, а нив може да ги научи уште додекка е мало.

Командата: остави го тоа, е многу значајна. Овчарското куче мора да остава сè што ќе му наредите. Еден ден тоа може да биде некое животно, или нешто што би можело да му наштети. Ставете го предметот пред него и кога ќе го земе, гласно наредете му: остави го тоа, одземете му го, извадете му го од уста и тргнете го предметот.

Командата донеси е една од првите команди кои треба да се совладаат. За оваа команда, можете да го дресирате, уште кога е мало со помош на стапче, гранка или мала топка. Покажете му како да го донесе и кога ќе донесе, земете го предметот од устата, погалете го и наградете го со храна. Бидете трпеливи и не го земајте ова како игра, туку бидете сериозни. Добро би било добро да се дресираат овчарските кучиња, и покрај дресурата тоа да може да трча низ имотот и да биде во добра форма.

Командата назад е значајна, доколку овчарското куче се движи кон други животни, луѓе, диви животни, го напушта имотот, оди по други кучиња и слично. Овие команди и зборови мора да ги совлада уште како многу мал и тие треба постојано да му се повторуваат.

Ако ви е тешко да ги користите зборовите aport, raport и слично, команди кои ги користат професионалците во дресирањето, тогаш избегнувајте ги. Користете ги само оние кои секогаш ќе ги користите, кога ќе ја давате командата на вашето овчарско куче.

Дресирање на овчарски кучиња – корисни совети:

  • Како фармер, не е пожелно да дресирате повеќе од едно овчарско куче во исто време
  • Мора да имате контрола над овчарското куче, бидејќи и покрај дресурата, тој има сопствен нагон
  • Наградете го овчарското куче при дресурата со храна, за да продолжи и понатаму да биде послушно
  • Кога го дресирате овчарското куче и кога е врзано со ремче тоа е нервозно и агресивно, дресурата одложете ја за следниот ден
  • Командите изговарајте ги јасно и гласно
  • Доколку забележите дека Вашето овчарско куче не е послушно во текот на дресирањето, одвреме навреме не ги слуша наредбите или не можете да му ја контролирате агресивноста и нападите над домашните животни, тоа куче не е способно да ја чува Вашата фарма.
„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *